Услови за користење

Услови за користење веб-локацијата  www.macedonia.syngenta.com 
Добредојдовте на веб-локацијата www.macedonia.syngenta.com. Веб-локацијата е направена да обезбедува општи информации за групацијата Syngenta и за нивните производи и услуги. Можете да ја користите оваа веб-локација ако се сложувате со наведените услови за користење. 
Прифаќање на условите за користење: посветете неколку минути за да се запознаете детално со условите за користење. Со пристапот до оваа веб-локација и со нејзиното користење се согласувате дека ќе ги почитувате условите за користење и ќе се однесувате во согласност со нив. Ако не се согласувате, не пристапувајте до оваа веб-локација, не употребувајте ја или не преземајте содржина оттаму. Изјавата за приватност, до која може да пристапите од веб-локацијата преку врската веднаш до Условите за употреба, претставува дел од условите за користење.
Услови за користење 
Добредојдовте на веб-локацијата Syngenta.com. Веб-локацијата е направена да дава општи информации за групацијата Syngenta и за нивните производи и услуги. Можете да ја користите оваа веб-локација ако се сложувате со наведените услови за користење. 
Прифаќање на условите за користење 
Посветете неколку минути за да се запознаете детално со условите за користење. Со пристапот до оваа веб-локација и со нејзиното користење се согласувате дека ќе ги почитувате условите за користење и ќе се однесувате во согласност со нив. Ако не се согласувате, не пристапувајте до оваа веб-локација, не употребувајте ја или не преземајте содржина оттаму. Изјавата за приватност, до која може да пристапите од веб-локацијата преку врската веднаш до Условите за употреба, претставува дел од условите за користење. 
Можни промени на условите за користење 
Групацијата Syngenta го задржува правото да ги ажурира или менува условите за користење без претходно известување. Затоа ви препорачуваме да ги прочитате условите за користење при секоја посета на веб-локацијата. Последното ажурирање на условите за користење беше направено на 06.10.2009 г. 

Известување за авторските права и ограничена лиценца 
Целокупната содржина на веб-локацијата („содржина“), вклучително текстот, фотографиите, сликите и аудио и видеопрезентациите и друго, е заштитена со авторски права на групацијата Syngenta. 
Доделена ви е не-екслклузивна лиценца за содржината со следниве ограничувања: 
Може да ги пренесувате, зачувувате, печатите или копирате избраните делови од содржината ако: 
(1) дадената содржина ја користите за лична и некомерцијална употреба или за деловна соработка со групацијата Syngenta, 
(2) не објавувате ниту еден дел од содржината на други места на интернет, 
(3) не објавувате ниту откривате кој било дел од содржината преку кој било друг медиум, 
(4) на ниту еден начин не дополнувате ниту менувате кој било дел од содржината и не бришете или менувате која било ознака за авторските права или трговските знаци, како и ознаките за доверливост. 
Без претходно писмено одобрување од компанијата Syngenta не е дозволено копирање, преземање, печатење, објавување, прикажување, додавање, приспособување, здружување, кратење или на кој било друг начин менување или адаптирање на кој било дел од содржината на веб-локацијата, освен на начинот којшто е изречно посочен погоре. 
При преземање на содржина од веб-локацијата не ви се пренесува ниту едно право, име или акција во однос на преземената содржина освен на начинот којшто е изречно посочен погоре. Освен за ограничената, не-ексклузивна лиценца, изречно доделена погоре, ниту еден дел од овие услови за употреба или содржината на веб-локацијата не смее да се интерпретира како доделена лиценца или кое било друго право во рамките на авторските права, правата за трговските марки, патенти или други права за интелектуална сопственост на групацијата Syngenta или на трети лица.
Известување за трговските марки 
Сите трговски марки, марки за услуги и логоа коишто се прикажани на веб-локацијата („трговски марки“) се регистрирани или нерегистрирани трговски марки на групацијата Syngenta, нејзините подружници или на трети лица коишто се во групацијата Syngenta или на нејзини подружници коишто ја доделиле лиценцата. 
Без претходно писмено одобрување од групацијата Syngenta не е дозволено да се умножуваат, прикажуваат или на кој било друг начин да се употребуваат кои било трговски марки, освен како што е изречно наведено во овие услови за употреба. 

Спонтани идеи 
Групацијата Syngenta со нетрпение ги очекува вашите мислења и повратни информации за веб-локацијата. Сите информации и материјали што ќе ги доставите до групацијата Syngenta преку оваа веб-локација, како што се мислења, повратни информации, идеи, прашања, нацрти, податоци и слично се сметаат за НЕДОВЕРЛИВИ или НЕСОПСТВЕНИЧКИ, односно ќе се смета дека со нивно проследување до групацијата Syngenta бесплатно ги доделувате сите материјални авторски права и други права на авторот, како и правата за интелектуална сопственост на авторот, освен моралните, без содржински, просторни или временски ограничувања и на начин за исклучен пренос на групацијата Syngenta. Затоа, ве молиме да не ни испраќате никакви информации или материјали коишто не сакате да ги предадете, меѓу останатото и сите доверливи информации и креативни материјали. 
Со размена на информации и/или материјали со групацијата Syngenta преку оваа веб-локација, односно со посредување информации и материјали на групацијата Syngenta преку веб-локацијата на групација Syngenta бесплатно ги пренесувате сите материјални авторски права и другите права на авторите, како и правата за интелектуална сопственост на авторот, освен моралните, без содржински, просторни или временски ограничувања и на начин за исклучен пренос на групацијата Syngenta. Групацијата Syngenta е овластена да ги користи сите информации и/или материјали коишто ќе ги пренесете преку веб-локацијата, како и сите идеи, концепции, познавања и испитувања или методи коишто се вклучени во дадените информации и/или материјали за секаква намена, меѓу другото и за развој, производство и пласман на производството врз основа на истите без ограничување и без каков било надоместок. 
Одговорни сте за сите информации што ги пренесувате преку веб-локацијата, како и за нивната точност и прецизност. 
Имајте предвид дека вашите придонеси (на пр. преку образецот за контакт) не се правно обврзувачки за групацијата Syngenta. Затоа, фактурите, опомените и слично треба да ги пратите исклучително на контактите коишто се наведени во соодветните договори. 
Информации за трети лица 
Некои информации, написи и друг материјал на веб-локацијата на групацијата Syngenta ги обезбедуваат трети лица. Ако е тоа можно, треба да се наведе изворот на материјалот од трети лица. Тој материјал од трети лица е наменет само за обезбедување информации за ваша потреба. Групацијата Syngenta не гарантира ниту обезбедува правилност, ажурност, точност или веродостојност на тој материјал. На тој начин не презема никаква одговорност за каква било употреба на информациите од трети лица. 
Врски до други веб-локации 
На веб-локацијата се објавуваат врски до веб-локации со кои не управува групацијата Syngenta. Тие врски се наведени информативно и служат за помош и не значат дека групацијата Syngenta ја одобрува содржината на дадените веб-локации на третите лица или какво било учество со нивните управители. Групацијата Syngenta не ги надгледува тие веб-локации и не одговара за нивната содржина. Пристапувате и ги користите тие веб-локации на сопствена одговорност. 
Информации за производите 
Сите информации кои се дел од оваа веб-локација или се наведени тука само како референца може да се разгледуваат само како вовед за групацијата Syngenta и на нивните производи и услуги. Обратете се во групацијата Syngenta за одредени совети и упатства во врска со нашите производи. Лицата што имаат намера да ги употребуваат производите за заштита на приносите или производите за заштита на семињата, треба да ги прочитаат и почитуваат наводите на етикетите на производите и да ги почитуваат сите важечки закони и прописи во однос на нивната употреба. Проверете дали кој било производ за заштита на приносот е регистриран во вашата држава пред негова употреба. 
Достапност во светот 
Некои производи се достапни само во некои држави заради различните закони и прописи на државите во светот. Веб-локацијата може да опфаќа референци или нацрти до производите, програмите и услугите на групацијата Syngenta кои може да не се на располагање или достапни во вашата држава. Тие референци не значат дека групацијата Syngenta има намера да започне со продажба на тие производи, програми или услуги во вашата држава. Обратете се кај овластениот продавач на групацијата Syngenta во вашиот крај за дополнително објаснување на производите, програмите и услугите или кај непосредната матична групација.

Групацијата Syngenta преку својата веб-локација ви нуди и услуги за информативните временски прогнози што ги обезбедува друштвото Информативни земјоделски услуги на Syngenta (Syngenta AIS) коешто работи во рамките на глобалната групација Syngenta Global. 
При обезбедувањето на информативните временски прогнози, Syngenta AIS ги користи најдобрите технички и професионални решенија. Покрај тоа, Syngenta AIS ги обезбедува сите услуги и информации достапни преку веб-локацијата, а резултатите или заклучоците стекнати со тие услуги и информации ги презентира „КАКО ТАКВИ“ без каква било гаранција или одговорност, изречна или имплицирана. Групацијата Syngenta, како и Syngenta AIS, не се одговорни за точноста на информациите во рамките на информативните временски прогнози, како и за информациите стекнати за користење на веб-локацијата и не се одговорни за доцнењето при подготовката на наведените информативни услуги или заради пропусти кои се надвор од надлежностите или не потпаѓаат во надлежностите на Syngenta и Syngent AIS. Во врска со тоа, групацијата Syngenta или Syngenta AIS не се одговорни ако дадената услуга не работи од технички причини. 
Во врска со самото делување на информативната временска прогноза, Syngenta AIS ја проследува до корисниците преку алатката Google Analytics за да го одреди патувањето на корисникот од самата веб-локација. Syngenta и Syngenta AIS може да ги зачуваат сите информации кои како корисници ги проследувате за моделите на таа веб-локација (земја, производи итн.). Групацијата Syngenta и Syngenta AIS може да ја користат и услугата Google Maps покрај другите наведени услуги. За водење на статистика и персонализација на веб-локацијата според корисникот, Syngenta AIS користи механизми за следење (на пр. колачиња и слично) при што стекнува безлични препознатливи податоци (на пр. место), но не и лични податоци, како што се име, адреса на живеење и слично. Syngenta AIS проследува апликации за информативна временска прогноза до корисникот според најсоодветното место за временска прогноза при што второспоменатото не е ограничено со наведеното, туку се извршува на неколку начини со употреба на услугите на групацијата Syngenta и Syngenta AIS. 
Сите информации и материјали поврзани со временската прогноза се од информативна природа. Групацијата Syngenta и друштвото Syngenta AIS вложуваат напори за најдобро можно работење на веб-локацијата и не преземаат никаква одговорност и гаранции за нејзина непречена употреба. Сите корисници ги користат услугите за информативна временска прогноза на своја одговорност. Иако групацијата Syngenta и друштвото Syngenta AIS делуваат со најголема грижа при прибирање на информациите што ги објавуваат на веб-локацијата со цел да послужат за користење на најдобрите технички и научни информации и се грижат за нивната точност, сеопфатност и навременост, кривичната и граѓанската одговорност за реалните и правните грешки во информациите е целосно исклучена и не одговараат за никаква посредна или непосредна штета или непријатност коишто може да се појават кај корисникот заради неможноста за употреба или употреба на можни неточни или недоволни информации што би можеле да се најдат на веб-локацијата или заради какво било доцнење при подготовката или пропуст да се достават тие информации. 
Содржината на страницата и временската прогноза се од информативен карактер и затоа групацијата Syngenta и друштвото Syngenta AIS не преземаат никаква одговорност за точноста и целосноста на објавените податоци или за каква било можна штета која настанала кај посетителот како последица од употребата на информациите на веб-локацијата. 
На корисникот му се препорачува дека при носење на важни, па дури и неповратни одлуки засновани врз податоците што се објавени на веб-локацијата, треба да ги провери податоците кај надлежните служби или во Службениот весник на Република Словенија.
Производите, услугите и сите информации кои се вклучени или достапни на оваа веб-локација се на располагање „како што се видени“ или „како такви“ и не вклучуваат изречна или имплицирана гаранција и истите може да се сменат без претходно известување.
За употреба или за користење на услугите за информативната временска прогноза се согласувате со сè што е погоре наведено.
Право за промена на веб-локацијата 
Групацијата syngenta го задржува правото за каква било промена на содржината и функциите на веб-локацијата или за забрана на пристап до неа, понекогаш без особена причина и претходно известување може да ја укине веб-локацијата и истовремено се одрекува од сите одговорности за можните последици од таквите промени. 
Содржината на веб-локацијата не претставува понуда или покана за инвестирање 
Информациите на веб-локацијата не можат да се разгледуваат како понуда или покана за инвестирање или друго делување во акциите или во хартиите од вредност на групацијата Syngenta. Оваа веб-локација не претставува никаква понуда, молба или покана. Цените на акциите или добивките од нив можат да растат или опаѓаат во секое време и можните инвеститори мора да имаат предвид дека изминатите промени не гарантираат идна успешност. Можните инвеститори треба да се посоветуваат со независен финансиски советник пред да донесат каква било финансиска одлука. 
Изјава за иднината
На оваа веб-локација може да се објавуваат изјави за иднината, на пример изјави коишто не претставуваат историски дејства, како и изјави за верувања или очекувања на компанијата. Тие изјави се темелат на тековните нацрти и оценки за кои групацијата Syngenta не одговара на ниту еден начин. Таквите изјави вклучуваат соодветни ризици и неизвесности врз кои групацијата Syngenta не може да влијае. Групацијата Syngenta е ослободена од каква било обврска да ги ажурира овие изјави врз основа на нови информации или идни настани. 

 

ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ 
Веб-локацијата ви стои на располагање „таква како што е“ или „како што е достапна“ без никакви гаранции. Групацијата syngenta и нејзините подружници, колку што е можно повеќе и во согласност со важечките закони на република словенија, ги отфрлаат сите изречни, имплицирани или законски пропишани гаранции, меѓу другото и имплицирани гаранции за просечниот квалитет на стоката, усогласеност за предвидената употреба и почитување на правата на трети лица. Групацијата syngenta, без ограничување од горенаведеното, не одговара или не гарантира за достапноста на веб-локацијата во даден период или на дадено место или за нејзина непрекината или безгрижна работа. Групацијата syngenta не одговара или не гарантира дека содржината на веб-локацијата е без вируси, црви или други кодови кои можат да ја попречат работата на програмерската опрема или да ја уништат. Иако групацијата syngenta стори сè и понатаму ќе се заложува за да обезбедува точни и навремени информации, на веб-локацијата може да се објават нецелосни, застарени информации или информации кои содржат неправилности или печатни грешки. Групацијата syngenta не гарантира ниту одговара за употребата, веродостојноста, точноста, навременоста или доверливоста, резултатите и слично на веб-локацијата или за какви било информации што се тука објавени. 
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА 
Веб-локацијата ја користите исклучиво на сопствена одговорност. Групацијата syngenta, нејзините подружници или директори, функционери, вработени и претставници во дозволениот опсег според применливото законодавство на република словенија не одговараат за посредни или непосредни загуби или штети што ќе бидат последица на вашиот пристап, користење или неможност да се служите со веб-локацијата или истото е поврзано со можните штети или потпирање врз какви било информации кои се објавени на веб-локацијата. Групацијата syngenta нема без горенаведеното ограничување на никаков начин да одговара за штетите или пропустите во деловите од содржината на веб-локацијата. Ова особено се однесува на референците за производи и услуги коишто ги нуди групацијата syngenta. Наведеното претставува ограничување на одговорноста и се однесува на какви било штети или загуби, посредно или непосредно, општо, посебно, случајно, последователно, примерно или на кој било друг начин, меѓу другото и за загуба на податоци, приходи или профит. Ограничувањето на одговорноста е валидно ако дадената одговорност се темели на договор, невнимателност, одговорност за настаната штета, строга одговорност или врз каква било друга основа. 
Ако кој било дел на ограничувањето од одговорноста е неважечки или неизвршен, целокупната одговорност на групацијата syngenta и/или на нејзините подружници според дадените услови во рамките на одговорноста кои биле ограничени не надминува сто американски долари (100,00 сад).