Ortiva Top
Фунгицид
Производ за заштита на растенијата
Решение за многу проблеми
Ортива Топ е нов фунгицид со широк спектар , кој содржи две активни материи со различен механизам на делување, со двојно поголема ефикасност против најважните причинители на болести во градинарското производство.
Ортива Топ содржи азоксистробин кој силно делува против пепелница , пламеница, црна дамкавост, антракноза, дамкавост , како и дифеконазол високо системична активна материја која покрај превентивното, има високо системично делување против причинителите на пепелница , црна дамкавост, септориа, антракноза , ризохтониа и останати болести.
Карактеристики и начин на делување
- Широк спектар ( пепелница, пламеница, црна дамкавост, рѓи, сива дамкавост... )
- Превентивно и куративно делување, со трансламинарно и високо системично делување
- Двоен механизам на делување, со што се исклучува можноста за резистенција
- Контрола на патогените во целиот нивен животен циклус, го спречува развојот на мисцелијата и спорулацијата на габите
- Без штетно влијание врз инсектите кои опрашуваат
- Флексибилен период на употреба
- Позитивен ефект врз принос благодарејки на азоксистробин