You are here

Quadris

Последно ажурирање:
01.12.2018

Фунгицид

Производ за заштита на растенијата

Authorisation Number: 
17-1104 од 3.11.2014.
Составот: 
Формулација: 
Kонцентрирана суспензија ( SC )

Квалитет, што е секогаш исплатлив
Фунгицид со широк спектар на делување кај виновата лоза
• Широк спектар на делување против најважните болести кај виновата лоза
(Пламеница и Пепелница)
• Погоден за производство на трпезно грозје, посебно за последните третмани

УПОТРЕБА:
Производот за заштита на растенија QUADRIS се применува со фолијарно прскање за сузбивање на пламеница на винова лоза (Plasmopara viticola) и пепелница на винова лоза (Uncinula necator), во концентрација од 0,1% со 1000 L распрскувач/ha, односно во количина од 1 L/ha при што потрошувачката на распрскувачот зависи од бујноста и развиеноста на растението.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Производот QUADRIS смее да се применува најмногу два пати во текот на вегетацијата, во интервали од 10-14 дена. Не смее да се употребува при топло
или ветровито време(температури над 30 С и бризина на ветрот над 5m/s). При високи дневни температури прскањето треба да се спроведува или во раните утрински или во раните вечерни часови.
Се аплицира во стандардна опрема за третирање во земјоделието. Авио апликацијa не е дозволена. При апликација да се спречи занесување на спрејот на соседните култури.

Винова лоза

  • Во случај на труење веднаш престанете со работа, повикајте лекар на Клинички центар, Скопје, Клиника за токсикологијa (02 314 76 35), 24 часовна дежурна служба, или брза помош (194), и да се донесе оваа етикета и упатство за употреба.