Моисон
Пченица
Високо ниво на толеранција на Fusarium Нова сорта на пченица Syngenta е секогаш присутна на теренот заедно со Вас, тоа и овозможува да ја прилагоди својата понуда според Вашите потреби. Затоа од оваа година, освен супериорниот CCB Ingenio, Syngenta ќе има уште една високоприносна и квалитетна пченица, со која значајно ќе ја прошири својата квалитетна понуда во Македонија. SY Moisson е НОВА зимска сорта пченица со висок потенцијал за принос. Спаѓа во група Б квалитет. Лебна сорта, со средно тврдо зрно и средна содржина на протеини во зрно со висока хектолитарска маса. SY Moisson е рана/средно рана сорта со одлична отпорност на измрзнување така што може да поднесе и нешто покасна сетва. Сеодликува со добар пакет на отпорност и тоа на болести на стеблото и класот и на полегнување. Просечна висина на стеблото е 95 cm. Сортата е со јако изразено продуктивно братимење. На изданците формира секундарни класови со голем број на зрна, што е случај во примарните класови. Исклучително е препорачлива за интензивно производство. SY Moisson е универзална пченица која со своите особини осигурува оптимална комбинација на принос и квалитет. Оптимален рок за сеидба 10 - 25 октомври Препорака на семе за сеидба : 400 - 450 клијави зрна на m2