За нас

Постигнувањето на високи и стабилни приноси во одгледувањето на зеленчукот треба да овозможи враќање на вложеното и добра заработка.
Производството на зеленчукот може да биде загрозено од разни фактори во сите фази. Една од важните причини за намалување на приносите и за влошување на квалитетот на плодовите може да биде лошиот избор на хибридот, но и предизвикувачите на растителни болести, штетниците и плевелите. Целта на оваа публикација е да се презентира нашето портфолио со хибриди и да се укаже на економски важните заболувања и штетници и мерките од борбата при користењето на оригиналните Syngenta производи.
Мерките за сузбивање се во целосна согласност со принципите за интегрална заштита на растенијата и добрата земјоделска пракса.
Со долгогодишното искуство во производството на семиња, средствата за заштита на растенијата и примената во пракса Syngenta стекна богато искуство кое на овој начин сака да го сподели со Вас, со цел нивна што поекономична и порационална употреба.

Секогаш со вас!

Компанијата Syngenta е водечка светска групација во подрачјето на земјоделската дејност. Посветена е на долготрајно земјоделство, т.е. на обработување на земјата мислејќи на идните генерации. За тоа помага на повеќе начини, на пример за самото зголемување на производството се заснова врз иновативни истражувања и нови технологии. Групацијата произведува два главни вида производи: производи за заштита на семето и принос. Така им помагаат на земјоделците ширум светот да го подобрат квалитетот и да го зголемат квантитетот на приносот.
 
Во следните 20 години, населението во светот ќе се зголеми за уште околу две милијарди луѓе, но ќе се зголеми и побарувачката за храна со поголема хранлива вредност, на пример, во Кина каде во исхраната сè повеќе вклучуваат месо.

 
Во многу региони на светот има сè помалку обработливо земјиште и вода. Затоа, идните генерации ќе мора да произведуваат поголеми количини храна и крма за животните од природни извори коишто ќе бидат на располагање. Ќе биде потребно да се продолжи и производството на влакна, како памукот, но и на приноси за употреба во производството на гориво, како што е биоетанол. Земјоделството мора постојано да се грижи и за заштита на животната средина. Треба да се намалат „гасовите од стаклените градини“ и воедно да се заштити природниот биотоп пред да настанат промени во обработливото земјиште.